Сите сме навикнати да ги замрзнуваме производите кои во моментот не ни се потребни со цел да го продолжиме нивниот рок на траење, сепак постојат намирници кои никогаш не смееме да ги замрзнуваме.
Ниската температура може да ги уништи текстурата, вкусот и изгледот на некои намирници. Поради тоа некои артикли треба да ги чувате подалеку од замрзнувачот.
1. Зеленчук богат со вода: во оваа група припаѓаат целерот, ротквичките и салатата поточарка. Поради тоа што овој зеленчук содржи многу вода, значи дека лесно ќе се замрзне, но овој процес ги уништува ѕидовите на клетките и нивната структура.
2. Кафе: неотворено ќесе свежо сомелено кафе можете да чувате во замрзнувач најмногу еден месец. Но никако не смеете повторно да го замрзнете, бидејќи тоа може да доведе до кондензација, односно впивање на непријатните мириси од замрзнувачот.
3. Емулзии: замрзнувањето ќе ги претвори мајонезот и преливите за салата во течност.
4. Јајца: јајцата во лушпа се отвораат при замрзнувањето, а тоа овозможува развој на бактерии.
5. Компир: замрзнатиот суров компир ја губи бојата, а варениот станува блед и кашест.
6. Меки млечни производи: киселата павлака, кашкавалот и слатката павлака за шлаг може да станат водести по замрзнувањето.