Утре ќе бидат затворени улици и булевари во Скопје – Ова е режимот на сообраќај

|

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре во скопје ќе се реализира посебен режим на сообраќај поради одржување на улична трка.

Пренасочувањето ќе трае од 8.30 до 10.30 часот, време во кое во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К“.

„Стартот на тркате е на булевар Илинден-локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по булеварот до крстосницата со улицата Никола Парапунов, лево во продолжение до крстосница со булевар Партизански Одреди, десно (во десниот коловоз гледано кон Ѓорче Петров) до Влајков Мост каде што вртат полукружно и назад во истиот коловоз до крстосница со улицата Љубљанска каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на улицата Никола Парапунов и по булевар Илинден до целта на локација Фонтана на булевар Илинден, во Скопје“, се вели во соопштението.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај, велат од МВР, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.