|
Популарниот македонски пејач Влатко Лозаноски својот инстаграм профил најчесто го користи за промоција на своите настапи, концерти и песни, но некогаш знае да објави и нешто од приватниот живот.
Најчесто слободното време сака да го користи во родното Кичево или некаде во преубавите природни предели на нашата земја.
Овој пат тој изненади со видео од несекојдневна случка која му се случил во Кичево. Имено, во доцните вачерни часови тој имал блиска средба со елен кој веројатно истрчал на патот каде се движел пејачот.
Овие животни се мирни по својата природа, па доколку не се испровоцирани нема да направат ништо лошо, па така и Лозано како што се гледа од видеото поминал “лесно” со својот нов пријател.