Денес се слави Недела на мироносиците – втора недела по пасха

ИЗВОРНов Лист
|

Во овој ден го празнувањем споменот на светите жени мироносици, и на Јосиф од Ариматеја, тајниот ученик Христов, и еден од седумдесетте апостоли, како и на Никодим, којшто од старешините јудејски пристапи кон Христа. Бидејќи тие жени беа сведоци на вистинското и прво Воскресение, а Јосиф и Никодим на погребението.

Откако го погреба телото Господово, Јосиф се врати во Ариматеја, во својата татковина, каде што му се јави воскреснатиот Христос и го увери во таинството на Воскресението. Јосиф многу пострада од јудејците, бидејќи не молчеше за овие таинства, туку храбро ги проповедаше. И Никодим сè подробно објаснуваше, за страд ањата Христови, и за Воскресението прв од сите објасни.

Жените, пак, први го видоа Воскресението и им благовестеа на самите благовесници – учениците Христови, бидејќи требаше на женскиот род кој прв падна во грев, да му се даде и прв да го види Воскресението и требаше прв да ја осети радоста родот кој прв чу „со маки ќе раѓаш деца“. Мироносици беа наречени затоа што со миро дојдоа да го довршат еврејскиот обичајот на погребение, кој Јосиф и Никодим не успејаа да го довршат на Велики Петок, бидејќи тие само го помазаа со алој и смирна и го обвија во плаштаница.

Овие жени кога купија миро, дојдоа многу рано да го оплакаат и да го помазаат Христа, но во гробот видоа два Ангели, со блескав изглед, како седат еден спроти друг. Потоа и Христа го видоа и му се поклонија. Мироносиците беа повеќе, но евангелистите спомнуваат само за неколку од нив, а не за сите. А беа овие: прва од сите – Марија Магдалина. Втората беше Саломија, третата мироносица е Јоана (Јована), четвртата и петтата се Марија и Марта, сестрите Лазареви. Шестата е Марија клеопова. Седмата е Сосана (Сузана), а со нив имаше и други жени кои со своите имоти му служеа на Христа и на Неговите ученици.