Колку чини еврото денес?

|

Секој што деновиве планира да патува во САД, мора да бркне длабоко во џебот. Еврото во последно време загуби значително на вредност во однос на американскиот долар. Заедничката европска валута минатата недела падна под 1,15 долари. Едно евро се разменуваше за 1,1472 долари, односно го достигна најниското ниво во последните пет години. Од почетокот на 2022 година еврото загуби околу 13% вредност во однос на доларот. За очигледната слабост на еврото постојат неколку причини.

Според средната курсна листа на НБРМ, еврото денеска изнесува 61.6958 денари, а американскиот долар чини 58.4296 денари. Британската фунта изнесува 72.3789 денари.

Експертите очекуваат доларот да продолжи да расте. Доколку еврото падне под дваесетгодишниот минимум од 1,034 долари, далеку нема да биде ниту паритет со доларот. Тоа последен пат се случи пред околу 20 години. Според дел од економистите, наскоро ќе се достигне нивото од еден долар за едно евро.

„Претпоставуваме дека еврото ќе падне под паритетот со доларот“, оценува за весникот „Ханделсблат“, Робин Брукс, главен економист во Меѓународната банкарска асоцијација. Според Пол Макел, шеф на девизниот сектор во големата британска банка HSBC, „доларот ќе продолжи да има предност“. Само мал број економисти сметаат дека јачината на доларот е привремен у дар.

Холгер Шмидинг од Berenberg Bank верува дека еврото наскоро повторно ќе може да закрепне, затоа што САД имаат поголем проблем со инфлацијата отколку еврозоната. Тоа долгорочно веројатно ќе се одрази на курсот на доларот. Досега, сепак, девизните пазари ја игнорираа повисоката инфлација во САД и премногу обрнуваат внимание на каматната предност во САД. Долгорочно – за пет години – САД дури би можеле да се вратат во должничка криза – слично како Италија.