Од следниот месец нова цената на струјата. Дали, и за колку ќе порасне, енергетските компании се уште пресметуваат. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски вели дека до крајот на месецов компаниите имаат рок да ги достават пресметките на трошоците до комисијата, по што ќе се добие појасна слика каква ќе биде новата цена.
ВО МОМЕНТОВ НЕМА ПРИСТИГНАТО БАРАЊЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА, КОГА ЌЕ ГИ ДОБИЕМЕ ПРЕСМЕТКИТЕ, ЌЕ ГИ АНАЛИЗИРАМЕ И ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА СОГЛАСНО МЕТОДОЛОГИЈАТА. ЦЕНИТЕ НА БЕЗРИТЕ СЕ 5 ДО 6 ПАТИ ПОВИСОКИ ОД ОНА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД, СЕ ДВИЖАТ ДО КАЈ 250 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС, ВЕЛИ БИСЛИМОСКИ.
Она што се знае за сега е дека МЕПСО ќе бара зголемување на цената за услугата која ја врши, но за колку точно не може да се каже –службите во компанијата сѐ уште работат на пресметките.
ЕВН ХОУМ и Електродистибуција се при крај со калклулациите и утре планираат да ги достават своите трошоците до РКЕ.
Од ЕСМ соопштија дека до крајот на месецов ќе имаат пресметка за тоа каква би била цената во следните шест месеци. Инаку, од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ, најмногу ќе зависи каква ќе биде цената на струјата за домаќинствата.
Експертите пак предупредуваат дека со оглед на глобалните случувања, не може да се очекува ништо друго, освен ново поскапување.
СЛУЧУВАЊАТА ВО ЕНРЕГЕТИКАТА СЕ ДОСТА ТУРБУЛЕНТНИ. ЦЕНИТЕ КОИ ГИ ИМАВМЕ НА ПОЧЕТОКОТ ОД 2021 ГОДИНА ВО ДОГЛЕДНО ВРЕМЕ НЕМА ДА СЕ ВРАТАТ. ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА ЌЕ ИМА, МЕЃУТОА ТРЕБА ДА СЕ ВОДИ СМЕТКА И ЗА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ДА МОЖАТ ДА ГИ ПЛАЌААТ ОСНОВНИТЕ СМЕТКИ, ОСОБЕНО КАТЕГОРИЈАТА НА РАНЛИВИ ПОТРОШУВАЧИ, ВЕЛИ ЗА ТЕЛМА САЊА БОЖИНОВСКА, КОНСУЛТАНТ ПО ЕНЕРГЕТИКА.
Бислимовски вели дека се работи и на нов тарифник со кој оние кои ќе трошат многу – ќе плаќаат повеќе. Целта е домаќинствата да почнат рационално да ја користат електричната енергија.
На крајот на минатата година струјата поскапе за околу 10 отсто.
Ирена Чачкова