Новак Ѓоковиќ претрпе голем финансиски пад откако неговиот долгогодишен спонзор, компанијата „УКГ“ се откажа од соработката и така Србинот остана без 10 милиони долари.
Ова е втор финансиски пад за Ѓоковиќ од почетокот на годината, откако во март од соработка се откажа произведувачот на автомобили „Пежо“.
Новак Ѓоковиќ по повеќе од 10 години не е меѓу 100-те спортисти кои заработиле најмногу за една година!
Роџер Федерер е на списокот со чудесни 85 милиони долари приход надвор од теренот и мали 720.000 долари од тенис заработени за таа пригода.
Првите четири имиња на листата се сосема очекувани. Лидер е Леброн Џејмс со заработка од 126,9 милиони долари, а потоа следат Меси, Роналдо и Нејмар. Петтото место го држи мексиканскиот боксер Канело Алварез.
На листата има најмногу кошаркари, 36. А по нив следат играчи на амеркански фудбал – 25. Има само 13 фудбалери, а 12 бејзбол играчи.
Во секој случај, Ѓоковиќ има уште неколку богати договори, а меѓу нив е тој со „Лакоста“ вреден 40 милиони евра за четири години, како и со „Хеда“ за спортска опрема и добива девет милиони долари годишно.