Славчо Попоски прогнозира: Невреме со град и силен ветар, еве кога!

ИЗВОРНов Лист
|

– Во следните два дена, како што и претходно најавивме времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови и тоа во планинските предели не се искчучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

Понестабилно ќе биде за време на викендот, кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна и локална појава на НЕВРЕМЕ, проследено со СИЛЕН ВЕТЕР и со појава на град, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат уште повисоки и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

– И во Скопскиот регион во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека за време на викендот растат условите за нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, заислен ветер, а ќе има услови и за локална појава на град. Што се однесува до температурите тие ќе бидат ште повисоки и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 31 степен – заклучува Попоски.