Работа со многу можности за биковите, важен повик за близнаците – Дневен Хороскоп (12.05.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Имате начин да ги решите проблемите само не би требало премногу да се оптеретувате со минатото. Ќе добиете повик да се сретнете со некој кој долго го познавате и со кој ќе обавите разговор во четири очи. Ќе добиете доверливи информации кои ќе ви бидат од голема корист во секој поглед.

Бик (21.04 – 21.05)

Подготвени сте во нешто да попуштите и да го направите првиот чекор кон нешто што би можело за вас да биде вистинско решение на долг рок. Можно е да станува збор за работата која би можела да донесе можност за чести патувања во странство или некој вид на популарност.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес не избрзувајте со одлуките. Јарецот има практични совети кои можат да ви бидат од голема корист ако имате време да се сретнете со лице кое често патува во странство и има добри врски со деловни лица. Можете да добиете повик кој ќе ве направи среќни.

Рак (22.06 – 22.07)

Соработниците во знакот на Бик, Шкорпија или Риба можат да ви бидат од голема корист, особено кога се работи за некој крупен бизнис. Денес е можен поголем трошок, бидете внимтелни.

Лав (23.07 – 22.08)

Можете да се потпрете на својата проценка, особено ако ве интересира некоја соработка со Јарец или Стрелец, а транзитот на Венера и Марс ви носи нови деловни можности во доменот на уметноста, спортот или модата. Во семејството и љубовта се ќе биде во најдобар ред.

Девица (23.08 – 22.09)

Би требало повеќе да се потпирате на советите од некое лице кое е често наметливо но ви го посакува само најдоброто. Можно е проширување на соработката со Јарец или Стрелец, без оглед дали станува збор за домашни или бизнис планови.

Вага (23.09 – 22.10)

Ова за вас ќе биде еден сосема вообичаен ден. Во попладневните часови можете да добиете интересна деловна понуда. Соработката со Рак може да биде прилично дискутабилна.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можноста за соработка со некој Стрелец е одлична. Не се измачувајте со постојаното размислување за проблемите кои се случуваат во приватниот живот, бидејќи тие постојат во сечиј живот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во состојба сте лесно да стапите во контакт со новите соработници, но имате многу барања. Чувствувате потреба за проширување на работите и на некои други дејности, најверојатно кон недвижнини. На некој сте му замериле нешто и тоа лице повеќе не сака да контактира со вас.

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате многу идеи но не знаете која да ја идеализирате. Можно е да станува збор за некој уметнички проект. Многумина ви замеруваат дека многу зборувате за своите планови и тоа на лица кои не знаат да ве ценат. Подготвени сте да ја подобрите вашата репутација.

Водолија (21.01 – 19.02)

Денот ќе ви донесе извесна нервоза и нетрпение бидејќи мора да покажете повеќе разбирање, особено ако се работи за долгогодишен соработник со кој секогаш добро сте се разбирале. Некој кој ви наклонет ќе ви даде до знаење дека на него можете безусловно да сметате.

Риби (20.02 – 20.03)

Ден полн со неизвесности, особено кога станува збор за соработка со оние кои се претставуваат како ваши пријатели. Деловниот партнер е тврдоглав, а вие уште повеќе. Не дозволувајте никој да ве третира на начин кој е под вашето достоинство.