Македонската претставничка Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија 2022

|

Македонската претставничка на Евровизија Андреа не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино.

Во вечерашјното второ полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.

Во сабота во финалната вечер во Торино ќе настапат и преставниците на Србија,Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска и Романија.

Погледнете го настапот на Андреа во продолжение: