Денеска на повеќе локации низ Скопје анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во земјава.
Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението.
– АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!
– Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!
– За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!
– Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – На лагата и се куси нозете, а долги опашките!