Откако првично беше во мирување поради високите камати, власта пак ја става во игра и еврообврзницата која првично беше планирања на околу 600 милиони евра. Ова вчера го најави вицепремиерот Битиќи, но според информациите на Телма веќе се подготвува теренот за издавање на еврообврзницата и тоа ќе се случи наскоро. Но, нема одговори на која сума.
Нема одговори ниту колку пари ни се одобрени од Меѓународниот монетарен фонд од кој според непотврдените информации се бараа 900 милиони евра. Министерите велат, колку пари ќе се задолжиме за да ги покриеме буџетските дупки и да се справиме со енергетската криза, ќе се знае со ребалансот на буцетот, кој треба да биде готов за десетина дена. Експертите со порака до власта, да внимаваме со кредитите и со тоа како ќе ги трошиме парите. Предупредуваат јавниот долг ќе расте. А со тоа и каматите за идните задолжувања.
АКО БДП ПАЃА И ПРОЦЕНКИТЕ ВО НОВИОТ РЕБАЛАНС НЕ СЕ РЕАЛНО ОЦЕНЕТИ, ТОГАШ МОЖЕ ДА НИ СЕ СЛУЧИ ЕКСТРЕМНО, И БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ И ЈАВНИОТ ДОЛГ, НА КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ДА ПОРАСНЕ И ПОРАДИ ТАКВАТА ПРОЦЕНКА. ЗНАЧИ МОРА ВО РЕБАЛАНСОТ ТОЧНО ДА БИДЕ ОЦЕНЕТ ТОЈ ЕКОНОМСКИ РАСТ. НЕ БИ ЗНАЕЛ, МЕЃУТОА, ЕВЕ СЕ ЗБОРУВА ВЕЌЕ СМЕ НАД 60%, МОЖЕБИ БИ ОДЕЛ 65, НАД 65 ПРОЦЕНТИ. ЕДНАШ НАДМИНАТИОТ ЈАВЕН ДОЛГ НАД 60 ПРОЦЕНТИ ЗА НАШАТА ЕКОНОМИЈА, ПРЕСМЕТКИТЕ ПОКАЖУВААТ ЌЕ ТРЕБА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ДА СЕ ВРАТИ ПОД 60 ПРОЦЕНТИ. ТОА ЗНАЧИ АКО НИ ТРЕБАЛО 3-4 ГОДИНИ ДА СТИГНЕМЕ ДО ТУКА, СЕГА ЌЕ НИ ТРЕБААТ 8-10 ГОДИНИ ДА СЕ ВРАТИМЕ ПОД НИВОТО КОЕ СМЕ ГО НАДМИНАЛЕ, ВЕЛИ УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ ПРОФЕСОР БОРЧЕ ТРЕНОВСКИ.
Треновски со порака до власта да не дојде до искушение милионите евра од кредити да ги потроши веднаш и да се впушти во зголемување на плати, пензии и други огромни давачки. Вели, не дека не треба, но не е време за тоа. Апелира да се штеди.
РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ВНАТРЕ ВО БУЏЕТОТ ЈАС БИ РЕКОЛ. ЗНАЧИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ШТЕДИТЕ НА МЕРКИТЕ, СТАНДАРДОТ И НА ПОГОДЕНИТЕ СЛОЕВИ НА ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ БИДАТ ВО ЛОША СОСТОЈБА АКО ИМАМЕ ВЛОШУВАЊЕ А НЕМАМЕ ОЛАБАВУВАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА. МЕЃУТОА МОЖЕТЕ ДА РАЦИОНАЛИЗИРАТЕ СЕ ШТО Е НЕПОТРЕБНО И ПРИ ТОА БИ ОДЕЛ СО НЕКОИ ПРАВИЛА. ЈАС БИ РЕКОЛ ФИСКАЛНИ ПРАВИЛА ЗА РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, СТРОГО ЗАДАДЕНИ, ПО КОЈ ПРОЦЕНТ, КОЈ БУЏЕТСКИ КОРИСНИК И ПО КОИ СТАВКИ БИ МОРАЛ ДА ОСТАВИ. ТОЈ ДЕЛ МОРАМЕ ДА ГО ИМАМЕ ПРЕДВИД, НЕФОРМАЛНАТА ЕКОНОМИЈА, КОЈА Е ЧЕСТО СПОМЕНУВА Е ДРУГАТА СТРАНА, А ОД ДРУГАТА СТРАНА ЈА ИМАМЕ ЕФИКАСНОСТА И МЕРКИТЕ КОИ ЌЕ СЕ НОСАТ. ДЕФИНИТИВНО МОРА ДА ВИДИМЕ КОИ ОД МЕРКИТЕ КОИ БЕА ДОНЕСЕНИ ГО ДАДОА РЕЗУЛТАТОТ КОИ НЕ ГО ДАДОА РЕЗУЛТАТОТ. ДЕЛ ОД ОВИЕ МЕРКИ МОЖЕБИ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ, ВЕЛИ УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ ПРОФЕСОР БОРЧЕ ТРЕНОВСКИ.
Премиерот најави дека со ребалансот ќе се заштедат 100 милиони евра од буџетот со кој за годинава се планираше да се потрошат 4,4 милијарди евра. Се знае и дека со прекроената државна каса ќе се снижи проекцијата за раст на БДП, а ќе расте буџетскиот дефицит и јавниот долг на земјава.
Александра Филиповска