Попладнево како што и беше најавено, нашата територија е под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса (студен фронт од север). На повеќе места е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поизразена нестабилност во денешните пладневни и рано – попладневни часови имаше во источните предели. Големо невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења го зафати Радовиш – Во продолжение еве како изгледаше Радовиш за време на денешното невреме
Инаку попладнево и до крајот на денов на повеќе места, а во текот на утрешниот ден особено во западните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.
И во Скопскиот регион овој викенд ќе растат условите за развој на нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е локална појава и на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурата овој викенд ќе се искачќува во интервалот помеѓу 27 и 30 степени.
Потоа услови за локална попладневна нестабилност ќе има и во првите денови од следната недела. Што се однесува до температурите тие ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и мкаксималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на НЕВРЕМЕ и електрични празнења, како и СИЛЕН ветер, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на силен ветер, избегнувајте своите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.