РКЕ најави измени во тарифниот модел – нема да важат за евтината струја

|

Во подготовка нов тарифник за струја, кој ќе ги зголеми сметките на енормните потрошувачи, но нема да се чепка евтината тарифа.

„Станува збор за најголеми измени во тарифниот систем во историјата, во соработка со електротехничкиот и машинскиот факултет. Ќе се воведат четири или три блок-тарифи и нема да важат за евтината струја. Ние ќе биде првата таква земја во регионот која ќе примени блокови само за скапа струја, бидејќи сметаме дека евтината струја треба да остане без никакви ограничувања затоа што тоа му одговара и на нашиот електроенергетски систем“ – најави Бислимовски.

Во меѓувреме до РКЕ стигнала уште една пресметка од МЕМО, се уште нема јасна слика за новата цена, но долгот што ги имаат снабдувачите кон МЕПСО, Реггулаторна нема да го признае како трошок за формирање на новата цена од јули.