|
На 16.05.2022 во 21.15 часот во Полициската станица Аеродром, В.Л.(48) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот од дома со патничко возило „пежо 406“ се оддалечил неговиот татко В.Л.(74), лице со здравствени проблеми.
Веднаш се преземени мерки и во 05.00 часот, инспектори по потраги од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево го пронашле лицето во возилото. Лицето било предадено на семејството.