Мусака со тиквички и домати: Лесен ручек за сечиј вкус

|

Лесниот ручек нѝ е повеќе од потребен кога температурите се високи, а иако не содржи месо, овој рецепт ќе ве воодушеви.

Голем плус е тоа што лесно се подготвува и состојките не се скапи. Мусаката од тиквички и домати ќе ви се допадне уште на првиот залак, а доволно е да ја послужите само со парче леб.

Потребни состојки: 1 килограм тиквички, 50 мл. маслиново масло, 2-3 чешниња лук, 80 гр. тврдо сирење, 80 гр. чедар, 3 јајца, 160 мл. млеко, 6 лажици брашно, шери домати и копар.

Начин на подготовка: 1. Исечкајте ги тиквичките на коцки, а сирењата изрендајте ги.

2. Во еден сад помешајте ги исечканиот копар, маслиновото масло и изренданиот лук, промешајте и оставете 10-тина минути за вкусовите да се спојат.

3. Изматете ги јајцата, додајте го млекото и брашното и соединете. Додајте зачини по желба и повторно промешајте.

4. Во садот со јајца додајте ја смесата од копар, лук и маслиново масло, промешајте, па додајте ги и ренданите сирења (оставете дел за одозгора).

5. Во огноотпорен сад, кој претходно ќе го намастите, ставете ги тиквичките, а потоа прелијте со смесата.

6. Одозгора ставете ги шери доматите исечкани на половина и додајте го преостанатото сирење.

7. Печете на 180 Целзиусови степени околу 1 час.

извор:точка.ком.мк