Невремето со обилен дожд и силен ветер што синоќа зафати делови на Грција создаде низа проблеми.
Од доцна синоќа спасувачки екипи започнаа потрага по исчезнат маж на планината Дирфи на Евија, а акцијата продолжи и утрово.
На Кефалонија од силниот ветер се урна покрив на пристаништето, по што интервенираа пожарникари за спасување на две лица, додека пак во атина, седум возила, доцна синоќа беа заглавени во поплава предизвикана на булевар и спасени пет лица.
На островот Иос рано утрово, траект со над 300 патници не можеше да се закотви на пристаништето, поради силниот ветер.
Противпожарната служба на Грција примила 157 повици за помош, од кои 133 биле од областа Атика, поширокиот дел на Атина.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од невремето на кои може да се забележат силни електрични празнења и врнежи.