Пет правила кои мора да ги почитувате ако сакате да имате раскошни висечки сардели на вашиот балкон

|

Висечките сардели, уште познати и како пеларгонии, се идеални за одгледување во украсни саксии на балконите и прозорците од надворешна страна. Висечките сардели сакаат многу свеж воздух, па затоа не се погодни за одгледување во затворени простории.

Од мај до октомври, кога е нивното време на цветање, тие можат да се забележат како украс на многу балкони, огради и прозорци од куќи и станови. Долгите кревки ластари го прават овој вид погоден за одгледување во украсни саксии на сончеви места, а најчесто ги има во бела, розова, црвена и виолетова боја.

Висечките пеларгониуми (лат. Pelargonium peltatum) изгледаат многу декоративно поради нивниот елегантен висечки раст и бујните зелени лисја. Се размножуваат со резници на стеблото кон крајот на летото, а големата попyларност главно се должи на тоа што нивното paзмножување е многу едноставно.

Бидејќи сарделите најдобро цветаат на возраст од една до две години, постарите растенија може да се отфрлаат и да се засадуваат нови билки добиени од нивните резници. Ако ги следите следните пет правила за нивно садење и одгледување, висечките сардели лесно ќе станат раскошни кралици на вашиот балкон.

1.Вистинското време за paзмножување со резници е средината на август кога е доволно топло за растенијата да пуштат корен и да се развијат до зимата. Резниците всушност може да се земаат во секое време од годината, дури и во зима, но потоа е потребно подолго време да се вкоренат.

Матичното растение од кое се земаат сечињата мора да биде здраво, цврсто и добро развиено. Заболените и слаби растенија со издолжени, тенки стебла треба да се избегнуваат бидејќи, освен што се слабо вкоренети, даваат и неквалитетни растенија, кои никако не можат да ги достигнат оние кои се развиени од здрави резници.

2.Исечете ги резниците со остар нож, а не со ножици кои го дpoбат ткивото. Здpoбениот исечок тешко се лекува и е влез за разни патогени микроорганизми кои се шират во спроводливи снопови низ растението и предизвикуваат гниење.

Засекот треба да биде веднаш под коленото (задебелување на стеблото), бидејќи тука се наоѓа најголемата концентрација на растителни xopмони потребни за создавање на нов корен. Отстранете ги листовите од долниот дел на резниците за да не скапуваат во подлогата. Резницата треба да биде долга околу осум сантиметри, но уште поважно е да има три добро развиени пyпки.

3.Може да се вкорени во различни медиуми – од вода, песок, ситен чакал до градинарски компост. Се препорачува употреба на мешавина од песок и тресет; важно е супстратот добро да ја задржува водата, но притоа да не доаѓа до прекумерно навлажнување. Содржината на хранливи материи не треба да биде висока бидејќи сите хранливи материи потребни за формирање на корењата се наоѓаат во стебленцето.

4.За вкоренување на резниците може да се користи и обична саксија, но се препорачува да се користи глинена саксија која е порозна и која не ја задржува влагата премногу во подлогата, а што би можело да предизвика гниење на меките делови.

5.Најпрво, додека резницата сè уште не пуштила коренчиња, листовите од неа испуштаат вода во околната атмосфера, а ако воздухот во просторијата е сув, постои ризик од венење на резницата и побавно вкоренување. Затоа, се препорачува да се обезбеди висока влажност, што најлесно се постигнува при домашно одгледување со покривање на садот со полиетиленска кеса.

Презимување на сарделите

Просторијата во која растенијата го поминуваат зимскиот период мора да биде светла и ладна. Температурата од околу пет Целзиусови степени не дозволува растението да расте, а тоа е добро да се постигне, бидејќи во спротивно би издигнало нови ластари кои би го ocлабеле летното цветање.

За време на зимското мирување сарделите треба да се полеваат многу малку. Во февруари или март, тие се носат во потопла просторија и се започнува со хранење и наводнување за да се одржат растенијата добро развиени до почетокот на сезоната на садење.