Ријана и АСАП Роки го добија своето прво дете

ИЗВОРНов Лист
|

Суперѕвездата Ријана и раперот АСАП Роки го добија своето прво дете, момче, кое се роди на 13 мај во Лос Анџелес, објави во четвртокот магазинот TMZ.

Пејачката на хитовите како „Diamonds“ и „Umbrella“, која постепено и се посвети на модата, кон крајот на јануари беше фотографирана со својот партнер на улиците покриени со снег во Њујорк облечена во долг розов капут, откопчана, покажувајќи дека е трудна.

Американската пејачка годинава отсуствуваше од традиционалниот спектакл во музејот Метрополитен на 2 мај, каде редовно се собираат познати личности од светот на модата и поп музиката.

Ријана (33) со години го чуваше во тајност кога ќе излезе нејзиниот следен албум, од кој последниот го издаде во 2016 година.

Во меѓувреме, таа стана милијардерка, користејќи го угледот стекнат во светот на музиката, да инвестира во линијата на долна облека, шминка и мода.

Ријана и нејзиниот 33-годишен партнер АСАП Роки ја легализираа својата врска во 2021 година.