|
Бизнисменот и директор на „ФОН Универзитет“, Сефер Цаноски на социјалните мрежи денсс сподели убави вест дека станал татко по петти пат.
Неговата сопруга Сезан денеска на свет го донесе нивното трето дете – девојче, кое доби прекрасно име.
„Добредојде Адила Дефне Цаноска. Да бидеш здрава, жива и бериќетна со најубав к’смет на цел свет“, напиша Сефер во описот на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи.
Од бракот со Сезен, Цановски има три деца, а од неговиот претходен брак со Лејла, ќерката на Велија Рамковски, Сефер има две деца.
Инаку, Сефер и Сезен, која е германка со турско потекло, правеа венчавка во Истанбул.