Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен. Потоа од утре па во следните денови во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град. Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашата држава остануваат МНОГУ ВИСОКИ и натпросечни за овој период од годината.
Мал пад на истите се очекува во понеделник, но потоа повторно ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава температурите се очекува да се искачат дури и над 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.