Мајмунските сипаници почнаа да се шират во Европа, а најраспространети се во Португалија и Шпанија, каде што беа регистрирани многу нови случаи.
Страв од ширење на новата болест постои во регионот и Европа, а епидемиологот д-р Драган Даниловски за „Студио 10“ ја смирува ситуацијата.
– Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Мислам дека премногу силно се изреагира од светските здравствени агенции, нашите медиуми. Јавноста ја крена топката многу високо и сега сите се во вчудоневидување. Дали е мутиран ви рус, ќе му направат мутација и ќе стане опа сен, тоа се дел од коментарите, но јас мислам дека нема простор за страв, вели д-р Даниловски.
„Мајмунски“ обид за повторен страв кај населението, вака и д-р Нико Беќаровски од Клиниката за ток сикологија и Комисијата за заразни болести ги коментира последните вести околу новите случаи на мајмунски сипаници регистрирани низ Европа.
1. Сите 92 случаи се регистрирани кај мажи меѓу 20-40 години.
2. Скоро сите не се вак цинирани за морбили и сите не се вакц инирани против Вариола Вера.
3. Сите пациенти се хомосек суалци и бисе* суалци.
4. Во Македонија како и во целата ex Yu сите родени пред 1972 година се вакц инирани против Вариола Вера, а голем дел од помладите против Морбили.
ЗАКЛУЧОК: Слободно планирајте си ги летните одмори, ЗАСЛУЖИВМЕ, по две непреспиени години, вели д-р Беќаровски.