Контроверзниот бугарски турбо-фолк пејач Васил Бојанов, познат во регионот како Азис, по втор пат стана татко.
Тој на социјалните мрежи објави дека добил син, со зборовите дека да се стане татко по втор пат, и тоа на 44 години, за него е голем благослов.
Засега нема информации за тоа која е мајката на детето, поради фактот што тој е хомос ексуалец. Исто така музичарот ја има и ќерката Раја која има 14 години, а ја доби со негова блиска пријателка.
Попознат е по својот екстравагантен изглед кој го негуваше во минатото, односно по женската облека која ја носеше на сцената, но пред неколку години целосно го смени стилот.
Освен што е еден од најпопуларните музичари во Бугарија, своевремено Азис си ја испроба среќата и во политиката. Учествуваше во парламентарните избори во 2005 година, како член на партијата Евро Рома, но по неуспехот на политичко поле, повторно се сврте кон музиката.