Констракта има двојничка: За неверојатната сличност зборува цел Балкан (ФОТО)

|

Иако досега не се знаеше многу за неа, популарноста што ја стекна Констракта на Евровизија, доведе и до откривање на нејзината двојничка.

Се вели секој човек има свој двојник во светот, но по се изгледа двојничката на Констракта е поблиску до неа. Таа по потекло е од Словенија и има многу слични карактеристики како овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија.

Станува збор за Јерца Леган Цвикл, сестра на јавна личност во Словенија. Јерци освен што е антрополог и доктор на науки, се занимава и со новинарство и публицистика, пренесува порталот „женскикутак.рс“

На Балканот веќе на големо се зборува за нејзината сличност со Констракта, а и самата го забележала тоа. Во една од објавите на својот Инстаграм профил таа напиша: „Констракта, можеби сме во роднинска врска“.

Тие две имаат бенка на иста страна од лицето, што е сосема неверојатно, но имаат и ист ексцентричен и авангарден стил на облекување како и хипнотизирачки светло сини очи.