Кардашијанката ги демантираше гласините дека направила 12 пластични операции – Тврди дека само ова на себе си го коригирала

ИЗВОРНов Лист
|

Клои Кардашијан гостуваше во подкастот „Not Skinny But Not Fat“ и во таа прилика истакна дека направила само една естетска операција, а тоа е операција на носот, а покрај тоа и неколку третмани со ботокс.

-Многу ми пречеше кога луѓето велеа дека сум направил операција на лицето 12 пати. Бев навреденa. Дури шпекулираа дека отидов на трансплантација на лице. Навистина ме интересира како дошле до тој заклучок. Можеби некогаш ќе се одлучам на тој чекор, во овој момент сум задоволна од својот изглед – изјавила Клои.

Таа истакна и дека не поднесува да ја споредуваат со нејзините сестри.

„Навистина ми е лошо да морам постојано да слушам лаги“, додаде таа.

Минатата година Кардашијан беше критикувана за неверојатна промена во изгледот. Без разлика што ја бојадиса косата и користи редовна класична шминка, следбениците мислат дека направила уште многу пластични операции, бидејќи драстично изгубила килограми.