Најголемите романтичари меѓу хороскопските знаци

ИЗВОРНов Лист
|

Кога ќе се спомне романтика и хороскоп во иста реченица, многумина веднаш помислуваат на луѓето родени во знакот на Риби или Рак.

Меѓутоа, колку и да се емотивни и посветени, овие знаци не важат за најромантични. Нивната смисла за романтика паѓа во сенка кога на сцена настапува Лавот.

Иако важат за тешки егоцентрици, кога Лавовите се заљубени, тие не штедат време, внимание и љубов за своите партнери. Комбинацијата на искрени емоции, посветеност, желба за истакнување и да се биде најдобар резултира со романтика на највисоко ниво.

Тие сакаат да бидат обожавани, ама и сакаат со обожавање. Некои би рекле дека не сте биле сакани, ако не ве сакал Лав.

Ќе ве опсипат со внимание, внимателно слушаат што сакате и ќе се потрудат да ги исполнат и вашите најлуди желби.

Лавовите се многу верни и посветени, но нивната љубов и внимание доаѓа со „цена“ – ако ги изневерите или не покажете благодарност, ќе се спакуваат и ќе ја понесат со себе нивната магија.