Од Клиниката за инфективни болести велат дека досега не третирале пациент со мајмунски сипаници, но секако дека доколку има пациент ќе се следат препораките од Светската здравствена организација.
Доктор Иван Видиниќ од инфективната клиника објаснува на кој начин се пренесуваст овие сипаници:
Инаку, мајмунските сипаници почнаа да се шират во Европа, а најраспространети се во Португалија и Шпанија, каде што беа регистрирани многу нови случаи.
Страв од ширење на новата болест постои во регионот и Европа, а епидемиологот д-р Драган Даниловски за „Студио 10“ ја смирува ситуацијата.
– Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Мислам дека премногу силно се изреагира од светските здравствени агенции, нашите медиуми. Јавноста ја крена топката многу високо и сега сите се во вчудоневидување. Дали е мутиран ви рус, ќе му направат мутација и ќе стане опа сен, тоа се дел од коментарите, но јас мислам дека нема простор за страв, вели д-р Даниловски.
Со сличен став е и неговиот колега докторот Нико Беќаровски кој воедно е и член на Комисијата за заразни болести.