Од јули поскапување на струјата?!

|

Минимум 10 посто зголемување на цената на струјата им се заканува на домаќинствата од јули поради малверзации на дел од општините, објави ТВ24.

Од Регулаторна комисија за енергетика обвинуваат дека за само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и за само 3 месеци направиле долг од 30 милиони евра.

Регулаторна бара начин како овој трошок од општините да не го прифати и да не падне на товар на граѓаните и да не им се пресмета во крајната цена на домаќинствата.

Во овие 10 посто раст кои ги најавува Регулаторна комисија за енергетика, не се пресметани трошоците од енергетските компании и цената од ЕСМ од која најмногу зависи крајната цена за граѓаните. Дел од компаниите веќе доставиле барање до РКЕ, се чека уште од МЕПСО. Во меѓувреме Регулаторна крои тарифник со кој цената на струјата во скапата тарифа ќе зависи од потрошувачката. Бислимовски открива дека се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена.

Според Билимовски, единствен спас за голем пораст на крајната цена ќе биде ЕСМ да обезбеди 100 посто од потребите на ЕВН.