|
Верниците следниот четврток на 2 јуни го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Дух ови и секогаш е во четврток.
За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. Старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.
На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.
На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.