Сезоната на јагоди е во полн ек, а посебно ѝ се радуваа љубителите на ова вкусно овошје. За да ги изберете најквалитетните јагоди и оние кои се домашни, треба да знаете неколку трикови при нивното купување.
Еве како да ги разликувате домашните јагоди од оние кои се прскаат и третираат со разни пестициди.
Домашните јагоди се поздрави и посвежи, но побрзо се распаѓаат бидејќи имаат помалку пестициди. Имаат иста боја однадвор и внатре, имаат многу семки и се многу ситни. Ова ги разликува од увезените, каде што семките се помали и поретки.
Вистинските, висококвалитетни домашни јагоди се издвојуваат по својата интензивна, препознатлива арома. Никогаш не се со ист облик и големина и немаат ист вкус од сите страни, бидејќи сончевите зраци не паѓаат рамномерно врз плодот.