Во Скопје се снима турска серија: Забранетата љубов меѓу дечко и девојка (Видео)

ИЗВОРНов Лист
|

Во вторникот беше објавен трејлер за новата серија „Balkan Ninnisi“ која летово ќе се емитува во Турција. Првиот трејлер од серијата, која почна да се снима во Скопје минатата недела, привлече големо внимание.

Во градот кој го дели реката Вардар, а го поврзува Камениот мост  ќе се раскажува забранетата љубовна приказна на главните улоги.

Турските актери Ердал Озијагчилар и Озлем Туркад се во главни улоги, како и Хакан Бојав, Кан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓезде Чигачи, Емине Халил, Ертан Шабан и други.

Во новиот трејлер може да се слушне една од нашите најпознати народни песни „Јовано, Јованке“.