Цените на основните прехрамбени производи, металите и горивата растат со поголемо темпо од прогнозите

ИЗВОРТелма
|

Според податоците на Државниот завод за статистика македонскиот пазар, во април годинава продажните цени на производителите на индустриските производи се зголемени за 0.3 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво зголемувањето е за дури 21.4 отсто. Драматичен раст има на цената за струјата за 26.9 отсто како и капиталните производи од 74.6 отсто.

Граѓаните се свесни за покачувањето на цените, но стравуваат до колку и до кога тоа ќе трае. Причини за зголемувањето на цените велат се порастот на енергенсите на светските пазари, како и други фактори.

Стопанствениците велат дека зголемувањето на цените за 21.4 отсто е премало во однос на трошоците што тие ги имаат. Тие ја повикаа Владата итно да го поддржи бизнисот со конкретни и директни мерки затоа што доколку продолжи трендот на поскапување, многу фирми ќе се затворат и граѓаните ќе останат без работа.

Во април годинава во споредба со март бројките покажуваат дека за 0,5 отсто се зголемени продажните цени на капиталните производи, за 5.8 отсто на интермедијарните производи, 1.6 отсто на нетрајните производи за широка потрошувачка како и зголемвуање на цените за 0.8 отсто на трајните производи за широка потрошувачка.

За 29.4 отсто се зголемиле цените на интермедијарните производи, кај трајните производи зголемувањето е за 6.8 отсто, додека пак за 12.6 отсто се зголемиле цените кај нетрајните производи за широка потрошувачка.

Мартин Николовски