Славчо Попоски најавува афричка жештина, проверете кога

|

Под влијание на циклонска активност, денес и понатаму времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе бидат за неколку степени пониски од вчера и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.


Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, додека максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.

Според Попоски, во следните денови времето ќе биде постабилно и посончево, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, повторно ќе бидат во пораст и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат 35 степени.