Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски својата љубов со Маринела Серафимова ја круниса со свадба во Штип.
Бочварски и неговата избраничка Маринела Серафимова, инаку ќерка на познат штипски угостител, се верија лани во август. Министерот тогаш рече дека свадбата ќе се одржи следната година, кога ќе стивне панде мијата.
Првите фотографии од свадбата на Бочварски ги објави сопругата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„Со Маринела сме заедно околу една година и требаше ова да се случи. Нема посебен датум за да го направам ова, така одлучив. Претходно бевме на вечера во ресторан и малку разговаравме на оваа тема, но не открив пред неа детали што ќе се случува подоцна. Раката и ја побарав кога се вративме дома. Немаше посебни романтики, не клекнав кога ја запросив, едноставно додека разговаравме се случи моментот, го покажав прстенот. Не сметавме дека треба да има апарати и камери, туку само ние двајца да си дадеме збор, затоа и немаме слики. Беше навистина убав момент и чекор и за двајцата. Бевме заедно на одмор, но, сепак, се одлучив да ја запросам тука дома.