ЈП Улици и патишта го расчистуваат урнатиот потпорен ѕид во Пинтија, ќе се проверуваат и други градби

|

Во периодот што следи ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, за да се утврди дали можат да одговорат на временските неприлики, најави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на бул. „Борис Трајковски“ во населба Пинтија

Денеска екипите на ЈП Улици и патишта – Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.

Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.

Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опа сност при движењето на возилата.

Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

Градоначалникот на општината Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по големото невреме денеска, изјави:

– Веднаш по пријавите од нашите сограѓани излеговме на терен, а мобилизирани беа и екипите на јавните претпријатија на градот Скопје со цел заеднички да превенираме за да спречиме уште поголема ката строфа.

Првично ќе се делува на заштита на населението кое транзитира тука, односно ќе се затвори еден дел од булеварот, а потоа веднаш почнуваме со расчистување и санација на ѕидот, изјави Ѓорѓиевски и најави дека во периодот што следи ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, за да се утврди дали можат да одговорат на временските неприлики кои и понатаму ќе се случуваат, но и да делуваме каде што има потреба од дополнителни зафати.

– Во наредниот период е бидат извршени детални контроли од инспекциските служби за квалитетот на изградба на потпорните ѕидови и на приватните парцели, особено онаму каде што теренот е стрмен. Таму каде што ќе биде утврдено дека се направиле недостатоци при градењето од различни причини, ќе прецизираме како ќе постапиме, рече градоначалникот.