Славчо Попоски најавува африкански бран – над 35 степени, еве кога

|

Во следните денови, како што најавивме времето ќе биде постабилно и посончево, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, истите ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34 степени, додека во најтоплите предели температурите се очекува да надминат 35 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде постабилно и посончево, но и МНОГУ ТОПЛО. Во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на нестабилност.

Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.