|
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2,4 степени е регистриран денеска во 20 часот и 17 минути, на 25 километри југозападно од Тетово во пограничното епицентрално подрачје Тетово-Гостивар.
Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.
На земјотресот му претходеле уште два со јачина од 2.6 и 2.2 степени според Рихтер.
Пред два дена утрото околу 9 и 11 минути беше почувствуван земјотрес со јачина од 3,6 степени, според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот беше во близина на селото Брвеница, тетовско или на 32 километри од Скопје. Земјотресот беше почувствуван и во Желино, Боговиње, но и во Скопје.
Епицентарот на земјотресот беше на 10 километри југоисточно од Тетово, на длабочина од 2 километри.