ОВЕН
Емотивниот предизвик или авантура има и свои негативни последици. Понекогаш „забранетото овошје“ носи горчлив вкус. На деловната сцена се случуваат ненадејни настани кои ве спречуваат целосно да ги реализирате вашите намери. Треба да најдете заобиколно решение. Ќе ви годи неколкучасовен добар сон, внимавајте на соништата.
БИК
Некој не ги исполнува вашите емотивни очекувања, но вие сте толерантни и со разбирање кон личноста која ја користи вашата добра волја. Бидете мудри и прифатете нечиј совет за да спречите дополнителни компликации. Околината не ги разбира целосно сите ваши идеи. Обрнете внимание на поправилна исхрана.
БЛИЗНАЦИ
Непотребно сте оптоварени со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност. Променете ја вашата ориентација на размислување. Не ви се допаѓа сознанието дека страдате поради нечие самоволие или дека сте во инфериорна позиција во однос на вашите соработници. Бидете умерени и избегнувајте различни предизвици.
РАК
Партнерот одеднаш донесува нова одлука која не сака да ја објасни. Бидете доволно трпеливи, се ќе си дојде на свое место. Премногу ги туркате личните цели, па вашите соработници реагираат на различни начини. Важно е да се одржува добра врска. Потрудете се да ја подобрите вашата кондиција.
ЛАВ
Топлите емоции секогаш имаат лековито дејство, затоа внимавајте на вашата сакана личност. Планирајте некоја омилена забава. Не вреди да се изложувате на голем ментален напор. Подобро е да го оставите ризикот на другите и да избегнувате сомнителни понуди. Насочете ги вашите мисли во позитивна насока.
ДЕВИЦА
Понекогаш треба да се исклучи разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“. Ве погодува нечие однесување или неправда во деловната соработка. Важно е работите да завршат на добар начин. Не ги задржувајте вашите чувства или емоционални желби, опуштете се.
ВАГА
Психолошката фаза низ која поминувате има позитивно влијание врз вашиот љубовен живот. Со други очи гледате на светот околу вас. Во повеќето ситуации, можете да ги прилагодите критериумите според вашите интереси и да се борите за подобри услови. Обрнете внимание на некоја весела и забавна содржина, опуштете се.
ШКОРПИЈА
Загрижени сте за настани кои ја мачат саканата личност. Вложувате големи напори за да исполните нечии очекувања. Ви се нуди добра можност да ги докажете своите професионални способности. Треба да проверите нови информации. Ќе ви годи креативен одмор и релаксација.
СТРЕЛЕЦ
Важно е правилно да одговорите на нечии прашања. Ве очекува одлично расположение во друштво на саканата личност. Понекогаш сè изгледа релативно или необично. Деловните можности изгледаат различно кога се гледаат од различни перспективи. Насочете ги мислите во позитивна насока, опуштете се.
ЈАРЕЦ
Не сакате утеха, но за жал она што се случува меѓу вас и вашиот партнер, однапред ве потсетува на „режирана претстава“. Забележувате дека некој има негативно влијание врз вашите соработници. Затоа, не влегувајте во контроверзи. Ќе ви годи психофизичка релаксација и одмор.
ВОДОЛИЈА
Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери. Ако се грижите за тестирање на вашите интелектуални или практични способности, најдете соодветен партнер. Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија.
РИБИ
Загрижени сте поради емоционалните дилеми или лошото чувство кое го имате за блиска личност. Има ситуации кои не можете сами да ги решите. Успешните резултати подразбираат тимска работа и доверба. Ќе уживате во некои од техниките на психолошка релаксација.