Торта на 4 спрата, огномет и шампањ – Врвна свадба на фудбалерот – Не ја симнаа насмевката од нивните лица

ИЗВОРНов Лист
|

Фудбалерот на „Партизан“ Лазар Марковиќ и кажа „да“ на својата избраничка Јована Терзиќ, а Маша Терзиќ на својот Инстаграм профил го објави и моментот кога младенците ја сечеа тортата.

Имено, двајцата не ја криеја возбудата, а тортата беше едноставна, бела, на четири ката, а на неа беа ставени бели цветови. Зад нив стоел огномет, а откако ја пресеколе тортата следел шампањ.

Младенците цело време биле насмеани, а нема сомнеж дека одлично се забавувале.

Меѓу гостите, освен целото семејство Терзиќ, беше и кремот на српскиот фудбал – Саша Илиќ, Лола Смиљаниќ, Саша Зѓелар, Радослав Петровиќ, Стефан Митровиќ, Душко Тошиќ пристигнаа без Јелена Карлеуша, Никола Роквиќ со сопругата и Марко Роквиќ. Иако во еден момент, додека младенците и гостите пристигнаа на прославата во ресторанот, зафати силен дожд и невреме, но тоа не им ја расипа прославата.