|
Во Пинтија продолжи расчистувањето на одронот по уривањето на 30 метарскиот потпорен ѕид.
Од Град Скопје информираа дека во моментот вршат увид во документацијата за градење и реконструкција на булеварот „Борис Трајковски“ и најавија дека ќе остварат контакт со лицата одговорни за надзорот.
-Согласно увидот во проектно-техничките решенија кој биле изведувани на овој потег и согласно сознанијата од истиот, Град Скопје ќе постапи согласно своите законски надлежности. – велат од Градот и додаваат дека ќе се изработи проект за реконструкција и санација, за враќање во функционална и безбедносна состојба согласно сите градежни прописи и стандарди.