Локализиран и неутрализиран е пожарот во поранешната фабрика “Македонија Табак” во Тетово

|

Локализиран и неутрализиран е пожарот во поранешната фабрика “Македонија Табак” во Тетово.

Густиот црн чад сè уште е надвиснат над градот и така и ќе остане во следните неколку часа, заради пластиката, стиропорот и другите материјали кои беа стопени во огнот, кој избувна рано наутро во 9 часот.

Центарот за управување со кризи ја опсервираше состојбата и заклучокот е дека нема основа за воведување кризна состојба, на територија на Тетово.