Палачинки со кокос и јагоди: Незаменлива комбинација за летните денови

|

Палачинки со кокос се вистинската комбинација на вкусови за летните денови!

Состојки: – 100гр. кокос – 5 јајца – млеко – 1 лажица кокосово масло – 1 банана – цимет  -засладувач.

Подготовка: Во сад измешајте ги јајцата, кокосот, циметот, бананата и засладувачот, па сè убаво измешајте додека не добиете компактна смеса.

Додадете растопено кокосово масло, а по потреба додадете малку млеко за да ја добиете саканата густина.

Печете како класични палачинки и наполнете со џем од јагоди или малини.

На здравје!