Холивуд, Том Круз и Топ Ган: Продолжението на култниот филм заработи над 100 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето

ИЗВОРНов Лист
|

Том Круз се враќа во улогата на Маверик во новото продолжение на Топ Ган. Продолжението на култниот филм Топ Ган му донесе своевиден рекорд на актерот Том Круз – во првиот викенд на прикажување во Америка, долгоочекуваниот блокбастер заработи повеќе од 100 милиони долари.

Во првите три дена од кино прикажувањето во Северна Америка, продолжението заработи околу 124 милиони долари (115 милиони евра) од продажба на билети, објави во неделата, 29 мај, продуцентската куќа Paramount.

Кога ќе се вклучат кината ширум светот, се проценува дека заработката  ќе порасне на околу 248 милиони долари (230 милиони евра).


„Овие податоци се неверојатни, фантастични“, рече Крис Аронсон, претседател на дистрибуција за Соединетите држави во Paramount.

„Среќен сум за сите – за компанијата, за Том, за продукцијата.

Првиот дел од филмот Топ Ган, исто така, се искачи на врвот на листата на најгледани во Велика Британија во последните недели – додека обожавателите, стари и млади, се подготвуваа за долгоочекуваното продолжение.

Бека Монахан, комерцијален директор на Office Charters, рече дека „фантастично е да се види Том Круз повторно на небото по 36 години“.

„Голем успех е што оригиналниот Топ Ган е на првото место на официјалната филмска листа и што многу од тие продажби беа дигитални преземања“, истакна таа.

Критичарите го пофалија враќањето на Топ Ган претходно овој месец, нарекувајќи го „продолжение за рушење на рекордите“.