Во четврток е СПАСОВДЕН – ова мора да го направите за здравје и среќа во домот

|

Утре се обележува празникот познат како Спасовден. Спасовден или „Ден на спасот“ е денот кога Исус Христос последен пат им се јавил на своите ученици, дванаесетте апостоли и се издигнал на небото.

Се обележува 40 дена по Велигден и секогаш се паѓа во четврток.

Според народното верување, Спасовден може да го спаси домот од неволји, а децата од болести. Поради тоа, не треба да вршите никаква тешка работа.

Многу убави обичаи се поврзуваат со Спасовден, а сочувани се уште од предхристијанските времиња.

Овој ден бил и празник на сточарите. Според верувањата, на овој ден, громовникот Перун ги напаѓал нивите и градовите со громови, а божеството Спас, со помош на житен клас во раката, ги спасувал нивите. Затоа, некаде обичај е да се зак оли јагне за Спасовден, како принесување жрт ва на светецот.

Крстот е составен дел од ритуалот за Спасовден. Народот во некои краеви се’ уште верува дека на овој ден секој треба да направи крст од гранчиња. Тој потоа се става на ливадите, нивите или на покривите од куќите, секаде каде што е потребна заштита од демоните и лошите сили. Старите верувале дека токму тие крстови ќе ги чуваат од злото преку цела година.

На Спасовден наутро не се јаде ништо додека не се изедат јагоди. Некаде се верувало дека не треба да се вкусува ново овошје ако некому му умреле деца, додека не им поделат на сиромашните од тоа ново овошје за душа на своите деца, бидејќи во спротивно, децата на оној свет ќе останат без тој оброк и ќе си ги гризат прстите наместо оброкот, говорејќи дека родителите им го изеле.

За Спасовден се колело јагне, а нашите предци не пиеле млеко од Нова година до Спасовден и верувале дека на овој ден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не дремете цела година.

На овој ден, богатите пред да одат во црква викале гости на ручек, а посиромашните го продолжувале дружењето пред црква, каде што се собирал народ и се веселел.

Било обичај на Спасовден луѓето да се бањаат во река или море пред изгрејсонце.