Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а ќе биде и МНОГУ ТОПЛО. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат 35 степени, односно во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат дури и до околу 40 степени.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 35 степени.
УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето во текот на следните денови и да пијат што повеќе течности.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki