|
Верниците утре на 2 јуни го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.
За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се кол еле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.
Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.
На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.