Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, денес како и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе биде и МНОГУ ТОПЛО, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има услови и за ретка појава на град.
Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во најтоплите предели температурите, и тоа особено за време на викендот се очекува да се искачат дури до околу 40 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за краткотрајна појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 36 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki