Длабока сиромаштија и недостиг на државна стратегија се причини за поразителните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика, смета социологот Ацески. Во дадениов случај е потребна детална анализа, смета тој.
„ЗА ЖАЛ ЕДНА ПОПУЛАЦИЈА ОСОБЕНО КАЈ РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ Е ОСТАВЕНА САМА НА СЕБЕ И САМИТЕ ИНСТИТУЦИИ НЕ ВОДАТ ДОВОЛНО СМЕТКА ДЕКА ОВИЕ МЛАДИ ЛУЃЕ ОСОБЕНО КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ И ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ ВО МАТЕРИЈАЛНА СМИСЛА. ДА СЕ ВОДИ ПОВЕЌЕ ГРИЖА ЗА УЧИЛИШТЕТО КАДЕ ШТО СЕ ОБРАЗУВААТ, ДА НЕ ГО НАПУШТААТ ТАКА ЛЕСНО ТОЈ ПРОЦЕС НА ОБРАЗОВАНИЕ“ – ВЕЛИ ПРОФЕСОРОТ ПО СОЦИОЛОГИЈА, ИЛИЈА АЦЕСКИ.
За првиот човек на статистика Симовски треба да бидеме внимателни при интерпретација на одредени податоци во однос на процентот на писменост на резидентното население.
„АКО НЕКОИ СЕ ПОСТАРИ ОД 15 ГОДИНИ, ДЕЦАТА КОИ СЕ ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МОМЕНТОВ, ТИЕ ИМААТ НАЈМНОГУ ЗАВРШЕНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ И ВЛЕГУВААТ ВО ТАА БРОЈКА КОИ ИМААТ СТЕКНАТО САМО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ, АМА ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА ДА СТЕКНАТ И ДОПОЛНИТЕЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, ДЕКА НЕКОИ СЕ ВО ФАЗА НА ШКОЛУВАЊЕ“ – ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА, АПОСТОЛ СИМОВСКИ.
Соодносот на неписменоста меѓу мажите и жените доколку се има предвид дека 5.517 се мажи, а 13.380 се жени се должи на повеќе фактори, вклучувајќи ги и средините во кои се земени податоците.
„МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО И ПОКРАЈ ТОА ШТО ДЛАБОКО СМЕ НАВЛЕЗЕНИ ВО ТОЈ ПРОЦЕС НА МОДЕРНИЗАЦИЈА, ОСОБЕНО КАЈ НЕКОИ ЕТНИЧКИ ГРУПИ ВО МАКЕДОНИЈА СМЕ ДЛАБОКО ТРАДИЦИОНАЛНИ“ – ВЕЛИ СОЦИОЛОГОТ АЦЕСКИ.
„ДА КАЖЕМЕ РОМСКАТА ПОПУЛАЦИЈА ДО СКОРО ТОА БЕШЕ СЛУЧАЈ СО ЖЕНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ, КАЈ АЛБАНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА ИЛИ ПОТОЧНО КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО ОД МУСЛИМАНСКАТА ВЕРОИСПОВЕСТ. И ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ.“ –ДОДАВА СИМОВСКИ.
За Симовски и Ацески најзагрижувачки е фактот дека голем број млади луѓе кои се стекнале со средно и со високо образование ја напуштаат земјава, со мисла дека државата во која се образувале нема можност да го вреднува нивниот капацитет.
Нина Стефанова