Вработените во Матично блокираа дел од центарот на Скопје – бараат повисоки плати а раководството најавило намалување

ИЗВОРНов Лист
|

На протест денес излегоа вработени во Матично пред седиштето на Управата за водење на матични книги пред зградата на „Нова Македонија“ и порачаа дека штрајкот ќе продолжи се додека не се постигне договор за 30 проценти повисоки плати и потпишување на колективен договор.

„ Секодјневно се јавуваат за да прекинат со штрајкот дека ќе бидат избркани суспендирани од работа дури и политички некои се закануваат дека има договорци дека може да им се прекине работниот однос, договорот. Сега дури имаше еден притисок, од колегите наши за да извршат нужда во тоалет директорот наредба дал да не се пуштаат вработените, директорот рекол вие не сте од оваа управа, не знам ние од Марс ли сме паднати. “Тони Милошевски – Претседател на Синдикатот на Управата за матични книги.

Информацијата дека од Дирекцијата најавиле кратење на платите доколку штрајкот кој трае веќе пет недели веднаш не заврши предизвика револт кај овие вработени.

„ Оваа категорија на вработени ќе биде осакатена со плата, се навестува дека 40 отсто ќе им биде задржана. Многу голема плата земаат, едвај земаа 14.500 сега стигнаа до 18 илјади, па да видиме ако се дрзнат тоа да го направат само револтот ќе го направат поголем. “Марјан Ристески – претседател на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија.

Доколку не се излезе во пресрет на нивните барања тие најавуваат дека следната недела ќе блокираат и повеќе крстосници низ главниот град.