Мајмунски сипаници и во Македонија – МЗ објави препораки за заштита

ИЗВОРНов Лист
|

Министерството за здравство на својот Фејсбук профил објави неколку слики преку кои даваат информации и препораки за заштита, како и објаснување за што е, како се пренесува, кои се симптомите и други важни информации.

Мајмунски сипаници се вирусна болест предизвикана од истоимениот Monkeypox virus, а која е регистрирана во повеќе земји на Централна и Западна Африка, Европа, Америка и Канада. Изворот на заразата е заболено животно или човек.

Од министерството препорачуват оние лица кои имаа професионално контакт со заболени диви животни да користат заштитни ракавици, маски, очила, а исто така се препорачува и да се избегнува близок физички контакт со лица кои имаат или се сомнителни на мајмунски сипаници.